На денешната ждребка во Нион , освен шампионот Шкендија која го дозна противникот во првото коло во Лигата на Шампионите а тоа ќе биде Мура , и екипите на Шкупи и Струга ги чекаа своите противници во првото коло од Лигата на Европа.

Вицешампионот на Македонија екипата на Шкупи за свој противник го доби косовскиот преставник Љапи кој за прв пат ќе игра во едно квалификациско коло во Европа.

За разлика од Шкупи , екипата на Струга доби добро познат противник во Европските натпреварувања во екипата на Лиепаја од Латвија кој е редовен учесник во квалификациските кола од Европа.

 

Екипата на Силекс силите во првото коло ке ги одмери со Петроклуб од Молдавија.