Шкупи и Академија Пандев одиграа нерешено без голови, тимот од Чаир не ја оправда фаворитската улога на средбата на теренот на ФФМ во Скопје.

Чаирчани важеа за големи фаворити, но сепак тимот предводен од екс тренерот на Вардар, Александар Васовски успеа да одолее и да освои важен бод.