Пјуник е противник на Шкупи во Европа Лигата, првата средба во Ерменија заврши 3-3, резултат кој на тимот од Чаир му ветува можен пласман во второто коло .
Средбата утре се игра од 20-30 часот на арената „Тодор Проески“, Шкупи дели бесплатни влезници, се надева на поддршка од навивачите и што е најважно на победа, ако се случи тоа, тогаш ќе биде првиот македонски тим кој славел над Пјуник.
Ерменскиот тим досега има дуели со Тетекс, Победа и Вардар кои немаа успех против Пјуник.
Be the first to write a comment.