Раководството на прволигашот Шкупи потврди дека постигнале договор со младинскиот репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорѓиевски.

Напаѓачот кој има 21 ходина доаѓа од Раднички Пирот, каде во второлигашкото друштво во Србија минатата сезона на 26 натпревари постигна седум голови.

Шкупи во моментов е во Охрид каде предводен од Гоце Седлоски ги одработува подготовките за новата сезона.