Македонскиот вицешампион Шкупи, е во исчекување на двомечот со Санта Клара во второто квалификационо коло во Конференциска лига на УЕФА. Пред мечот тренерот Гоце Седлоски ги кажа своите очекувања.

Некогашниот македонски капитен потенцира дека тие ќе биле максимално трпеливи во мечот против Португалците, кои се фаворити на хартија.

Играчите на Седлоски вечерва го одржаа тренингот пред овој меч.