Фудбалскиот прволигаш од Скопје, Шкупи денеска на својот стадион во Чаир го одработи првиот тренинг по паузата поради Ковид-19.

Од Шкупи објаснија дека на тренингот се појавиле сите играчи заедно со странците кои останале во Скопје за време на карантинот поради Ковид-19.



Сезоната во домашното фудбалко првенство ќе продлжи од 14 или 21 јуни а одлуката се очекува да биде дополнително потврдена до крајот на оваа недела.