Ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро е позитивен на Ковид-19, тој потврди дека е во изолација и има симптоми на овој вирус, ги следи препораките на лекарите.

„Имав контакт со позитивен на Ковид-19, сега сум во изолација откако тестот покажа позитивен резултат, имам симптоми и ги следам препораките на лекарите“ – напиша на твитер Агуеро.

Аргентинецот сега ќе пропушти неколку средби за Сити, тој претходно беше повреден и отсуствуваше речиси четири недели, ова е нов дополнителен проблем за него и клубот.