Европа го очекува реваншот меѓу Челси и Реал Мадрид (21 часот), по дуелот вечерва во Лондон, ќе биде познат вториот финалист во Лигата на шампионите.

Челси има мала предност со оглед на резултатот од првиот меч кој во Мадрид заврши без победник 1-1, но Шпанците најавуваат дека вечерва еден играч фудбалерите на Томас Тухел нема да можат да го задржат, тоа е Карим Бензема.

За новинарите од Шпанија, тактички гледано, клучен е дуелот меѓу Тиаго Силва и Карим Бензема, доколку дефанзивецот на Челси го запре извонредниот напаѓач на Реал, тогаш „сините“ од Лондон ќе немаат проблем да закажат англиско финале.