Нов фудбалски спектакл не очекува вечерва во Лигата на шампионите, секако Челси е во мала предност по оние 1-1 од Мадрид, но Реал најави дека вторите 90 минути ќе бидат поинакви од првите.

„Кралевите“ за прогрес во финалето мора да постигнат најмалку еден гол, Челси и со почетните 0-0 може до финале, но Томас Тухел изјави дека тоа не е опција за неговиот тим.

Медиумите од двете земји во најавата за мечот и разврската во полуфиналето лицитираат со имињата на стартните постави, според „Марка“ вечерва вака ќе изгледаат почетните формации на Челси и Реал од 21 часот.