Смртоносниот вирус Ковид-19 зема се поголем замав низ Европа и светот, а поради тоа измиантите неколку седмици голем број на спортски настани беа одржани без присуство.

Во изминатите два дена земјите ставија поригорозни мерки, односно најдобрите фудбалски првенства во Европа како Серија А и Ла Лига се суспендирани.

Шпанска „Марка“ денеска објави дека следна во низата на суспендирани натреварувања ќе биде Лигата на шампиони, каде треба да се одиграа уште четири средби од осминафиналето.