Шпанските клубови од денеска започнаа со тренинзи во мали групи, по двомесечна пауза поради Коронавирусот.

Како што наведува официјалниот сајт на Ла лига, групните тренинзи се прв чекор кон продолжение на сезоната во шпанскиот фудбал.

„ Многу е важно, секој клуб да тренира под истите услови, сите да имаат шанса да се подготват за продолжение на сезоната“- изјави претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас.

Според последните информации, Ла лига треба да продолжи на 12.јуни.