Интер е нов шампион на Италија, а напаѓачот на „нероазурите“, Ромелу Лукаку, славејќи ја титулата, најде начин да го предизвика  фудбалерот од Милано, Златан Ибрахимовиќ.

Еден од најзаслужните за титулата во Интер е Лукаку, кој постигна 21 гол на 33 натпревари во Серија А.

– Вистинскиот Бог го круниса кралот. Сега се поклони. Крал на Милано – напиша Лукаку на Твитер, алудирајќи на градскиот ривал, но и на Ибрахимовиќ.

 

– Милан никогаш немал крал, тој веќе има Бог – објави Ибра пред неколку месеци.

Познавајќи го Ибрахимовиќ , нема да му треба многу време да одговори на оваа провокација на Лукаку.