Швеѓанецот Андреас Екберг ќе биде главен судија на средбата меѓу Македонија и Австрија во недела, УЕФА го делегираше 36 судија по втор пат да и суди на нашата селекција на официјален меч.

Екберг и судеше на Македонија против Израел и средбата во Бер Шева заврши нерешено пред две години, по еден гол на двете страни.

На Австрија Екберг и судел два пати но на селекции до 17 и 21 година.