Дрита победи со 2-0 против Силекс во Скопје, квалификации за Европа лигата, средбата се одигра на арената „Тодор Проески“.

Косовскиот тим сосема заслужено е во следното коло на Европа лигата, покажа повеќе, постигна два гола и резултатот е реален епилог на настаните на теренот.

Силекс не создаде изгледни шанси за гол, косовскиот тим поведе со голот на Гербеши од пенал во 48 минута. Победата на Дрита ја потврди Лимани во 80 минута. На водството на Дрита од 2-0 преходеше црвен картон на Грозданоски од Силекс.