Покривот на стадионот АЗ Алкмар се урнал за време на силен ветер од 100 километри на час кој ја зафатил Холандија.

Одлуката да не тренираат на главниот терен, туку во затворен „балон“ поради ветерот била клучна во избегнувањето на можноста некој од играчите да биде повреден.

Клубот се огласи на социјалните мрежи потврдувајќи дека никој од работниците и минувачите не е повреден за време на немилиот настан.

Следниот натпревар на домашен терен клубот треба да го игра во четврток, но очигледно домаќинот ќе мора да ја смени локацијата.