Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ неколку месеци наназад се бори со леукемија, а неговиот борбен дух и желба за живот ги импресионираше сите луѓе.

Србинот по тој повод е прв добитник на наградата за храброст на италијанската фондација „Кварто Потере“ и торинскиот магазин „Кронакакви“. Од фондацијата порачаа дека Михајловиќ со неговите потези охрабрил многу луѓе да му погледнат во очи на болеста и да се соочат со неа.

Михајловиќ пред неколку дена се појави пред медиумите по четири месеци, кога призна дека има леукемија. Тој и докторите порачаа дека српскиот стратег е на добар пат да ја победи опасната болест.