Кристијано Роналдо Јуниор вчера го освои фудбалскиот турнир со екипата на Јувентус до 9 години.

Синот на Кристијано Роналдо покажа дека го има талентот на тато, а на турнирот за деца до 9 годишна возраст е прогласен за најдобар стрелец.

Роналдо Јуниор постигна три гола од кои два на еден натпревар.

Роналдо на социјалните мрежи се пофали со почетниот успех на својот наследник истакнувајќи дека е горд татко.

Младиот Роналдо има одлична статистика, на теренот за Јувентус У-9 се појавил 28 пати, постигнал 58 голови и запишал 18 асистенции.

“Кристијано мисли дека ќе биде подобар од мене, би сакал тоа да го видам. Не знам дали ќе успее.” – изјави Роналдо за “Сан”.