Турскиот второлигаш, Акшисарспорт, е мета на истрага од страна на турскиот фудбалски сојуз, поради направените засилувања во зимскиот преоден рок, во кој трансфер во клубот направи и Маринс Чисом Онјебуке.

Како што е познато, фокус на истрагата е токму овој фудбалер кој впрочем е откриено дека воопшто не е играч, со оглед на тоа што во неговото портфолио нема ниту еден ден „стаж“ и во ниту еден клуб.

Исто така, интересно е што и покрај неговата презентација и фотосесија за новиот клуб, тој досега нема одиграно ниту еднаш за тускиот второлигаш.

По сиот овој хаос што го следи Акшисарспорт, тамошните медиуми велат дека истрагата ќе покаже и со колкави казни ќе се соочат клубот и играчите, со оглед на тоа што сето ова е означено како сомнително. За потсетување, само во јануари овој клуб направил неверојатни 27 трансфери.