Двата гола во мрежата на Јан Облак, Елиф Елмас ги прослави со Езџан Алиоски и со дел од стручниот тим на Ангеловски. Сето ова го надгледуваше капитенот, Горан Пандев.

Три гола по седум кола во евроквалификациите се уште еден доказ за квалитетот кој го поседува летната аквизиција на Наполи а денеска одличен натпревар одигра и левиот бек на Лидс.

Македонија на дресот, Македонија во срцето, Македонија е во форма….. Ова се генералните впечатоци од однесувањето на нашите репрезентативци по денешната победа над фаворизираната Словенија.