Македонската фудбалска репрезентација вчера во Скопје славеше над Словенија со 2:1.

Словенците разочарани се враќаат дома, а по натпреварот новинарите на прес-конференција го прашаа македонскиот капитен Горан Пандев што мисли за селекцијата која ја предводи Матјаж Кек.

Одговорот на словенските новинари не им се допаѓаше, па изјавата на Пандев ја окарактеризираа како понижувачка кон Словенија.

„Словенија го има Јосип Иличиќ, кој е одличен фудбалер, но нема никој друг. Останатиот дел од екипата не е ниту близу до него, а премногу лесно размислувате дека сте селекција која треба да игра на ЕП. Кажав и пред мечот, Словенија не е ништо посебно. ОК, го имаат Јан Облак, за него не треба да се трошат зборови, но добар голман не може сам да ве одведе никаде. Јас сега ќе навивам за Словенија да ја победи Австрија, но само со Иличиќ не знам дали ќе можете. Сѐ е во рацете на Господ“ – е изјавата која ја пренесуваат медиумите од Словенија, на чие прашање одговорил капитенот Пандев.