Поранешниот репрезентативец на Англија и член на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг од денеска е член на италијанска Рома.

Централниот бек ќе помине една година како позајмен во славниот клуб од Рим а „Ѓаволите“ од ова ќе заработат 3 милиони евра.

Менаџерот на Јунајтед потврди дека некој од стоперите морало да го напушти тимот ова лето но очекува од Смолинг следната година да се врати посилен и подобар на „Олд Трафорд“.