Вечерва се игра големото дерби во Шпанија кое е воедно и  едно од најголемите во светот, Реал Мадрид и Барселона во нова средба за бодови, престиж на „Ел класико“.

Како што најавува „Марка“, Реал Мадрид ќе го започне мечот со Безнема, Модриќ… Очекувано Барселона ќе тргне со Меси, Видал, Гризман…

Реал Мадрид ја нема победено Барселона во Ла лига од 2 април 2016 година, кога на „Камп Ноу“ славеше со 2:1. Последен пат „Кралевите“ славеа пред своите навивачи против „Каталонците“ во Ла лига на 25 октомви 2014 година.

Барселона во дербито пресметка  влегува од првото место на табелата во Ла лига со 55 бода, Реал Мадрид е втор со 53 бода.

Како што е веќе познато, „Сантјаго Бернабе“ е распродаден, 81.044 гледачи од лице место ќе го гледаат спектаклот, останатите ќе можат тоа да го направат преку ТВ пренос.