Манчестер Јунајтед и Челси на „Вембли“ вечерва ќе се борат за пласман во финалето од ФА Купот каде веќе е Арсенал по победата над Манчестер Сити.

Солскјер за денешниот натпревар се одлучи за подефанзивна формација со Погба и Марсијал на клупата за резерви.

Истото важи и за Лампард кој постави тим со само еден клазичен напаѓач, Жиру, на клупата останаа Пулишиќ, Абрахам и Педро.