Манчестер Јунајтед интензивно се подготвува за викенд пресметката со Тотенхем во Премиер лигата која може да биде и пресудна по иднината на Солскјер.

Рафаел Варан се враќа, суспендиран е Погба а играчите веќе потврдиле дека ќе дадат се од себе за да се вратат во победнички ритам.

Поразот од Ливепрул од 5:0 предизвика голем срам за славниот клуб кој нема многу време за да фати ритам ако сака оваа сезона да остане во игра барем за еден трофеј.