За Оле Гунар Солскјер, не важи правилото: тимот што победува не се менува. Манчестер Јунајтед вечерва ќе му гостува на Вулверхемптон во последниот натпревар од 2 коло од Премиер лигата.

Солскјер за овој дуел одлучи да направи една измена во почетниот состав во однос на пресметката со Челси. Во почетната единаесетка е повикан младиот Даниел Џејмс на сметка на Переира кој остана на клупата.

Во почетниот состав немаше место ни за Немања Матиќ, но и за Хуан Мата.

Новото засилување на домаќините од Милан, Кутроне остана на клупата.

Натпреварот меѓу Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед се игра вечерва со почеток од 21 часот.