Додека работи на доведување на нови имиња во клубот, Манчестер Јунајтед денеска објави дека Андреас Переира и Аксел Туанзебе потпишаа нови договори со клубот.

Переира потпиша четиригодишен договор, со можност за продолжување на дополнителна година, додека Туанзебе потпиша тригодишен договор, со исто така можност за уште една сезона.

Андреас Переира минатата сезона забележа 22 настапи за „црвените ѓаволи“ под Оле Гунар Солскјер, а по потпишувањето на договорот изрази благодарност за довербата која ја добива од норвежанецот.

Туанзебе минатата сезона ја помина на позајмица во Астон Вила, каде забележа 30 настапи и обезбеди пласман во Премиерлигата за клубот од Бирмингем.