Оле Гунар Солскјер останува на клупата на Манчестер Јунајтед, барем до недела и сè зависи од исходот на дуелот со Тотенхем, потврди клубот.

Навивачите на Јунајтед бараа смена на Солскјер по поразот од Ливерпул со катастрофални 5-0, клубот веќе бара наследници на Солскјер, но на Норвежанецот му е потврдено дека до саботниот дуел со Тотенхем останува на клупата на клубот од Манчестер.

Јунајтед гостува кај Тотенхем во сабота од 18-30, во зависност од резултатот на средбата ќе се знае и иднината на Солскјер.