Шкендија не успеа да го повтори успехот на Вардар и да стане вториот клуб од Македонија кој успеал да игра во групната фаза од Лига Европа.

Тотенхем славеше во Скопје со 3:1, Мурињо заминува среќен а нашиот прволигаш и поранешн првак се соочи со реалноста, гостинот од Англија сепак е преголем залак.






Премиерлигашот одигра доволно за убедлива победа, Шкендија даде се од себе но и тоа не беше доволно за чудото кое го посакуваше.

Ако ништо друго, ќе остане во сеќавање прекрасниот гол на Нафиу кој го уништи дебито на Џо Харт на клупата на Тотенхем.