Капитените на Фиорентина во новата сезона ќе носат специјална капитенска лента со ознаките „ДА“ и „13“ во чест на починатиот фудбалер, Давиде Астори кој на виолетовиот дрес го носеше бројот 13.

„Чест ни е што можеме да соопштиме дека Калчо Лигата ни дозволи да користиме поразична капитенска лента во однос на останатите клубови. Ние ќе ја користиме лентата со иницијалите и бројот на Астори.“ – соопштија од Фиорентина.