Фудбалерот на Фиорентина и репрезентативец на Србија, Душан Влаховиќ е позитивен на коронавирусот.

Од калчолигашот ја потврдија веста, по добивањето на резултатите. Фиорентина во официјалното соопштение напиша дека Влаховиќ го има КОВИД-19, но нема никакви симптоми и е во својот дом и се чуствува добро.

„Виолетовите“ ги преземаат сите неопходни мерки и се врши идентификација на сите луѓе кои биле во контакт со Србинот.