Националниот стадион во Варшава предмалку ги отвори вратите за навивачите во пресрет на натпреварот меѓу селекциите на Полска и Македонија во квалификациите за ЕУРО 2020.

Полските медиуми претходно објавија дека натпреварот ќе се игра пред полни трибини, билетите се речиси распродадени. Капацитетот на арената е 56.000 седишта, а се очекуваат 50. илјади навивачи.

Во воздушниот простор над Националниот стадион се забележуваат и дронови за поголема безбедност и снимање на случувањата.