ПСЖ вчера ја совлада екипата на Борусија Дортмунд во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите и обезбеди пласман во следната фаза.

На овој натпревар се случи нешто што го изненади фудбалскиот свет. Нејмар и неговите фудбалери после двата гола го имитираа младиот фудбалер на Борусија, Ерлинг Халанд. Ова предизвика негативни реакции во јавноста, но сега стана позната причината за ваквата реакција на играчите на ПСЖ.

Имено, пред самата средба со ПСЖ, Халанд објави фотографија која ја потпиша со: „Париз е мој град, а не ваш“.

Ова и ги збесна фудбалерите на ПСЖ.

Нејмар и по натпреварот му се обрати на Халанд, со постот на својот инстаграм, во кој му вели: „Париз е наш град, а не твој“

 

 

View this post on Instagram

 

P🗼R I S our city, not yours 👌🏽

A post shared by ene10ta Érre 🇧🇷 👻 neymarjr (@neymarjr) on