Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, е прогласен за најдобар десен бек на Ријека според гласовите од навивачите на овој клуб.

Стефан беше еден од клучните играчи во шампионската сезона. Тој за Ријека во Хрватското првенство настапи на 86 средби во кои со својата пожртвуваност и квалитет стана омилен кај навивачите.

Во изборот гласаа 2893 навивачи, а Ристовски доби 76.3 посто од гласовите.

 

Za najboljeg desnog beka u proteklom desetljeću izabrali ste Stefana Ristovskog! 👏👏👏Stefan je bio jedan od ključnih…

Gepostet von NK Rijeka am Dienstag, 10. März 2020