Македонскиот репрезентативец, Стефан Спировски денеска и официјално беше претставен пред медиумите во Кипар, како ново засилување за АЕК Ларнака, откако ги мина медицинските тестови.

Познато е уште пред 10.дена дека битолчанецот кариерата ќе ја продолжи на Кипар, по одличните настапи Израел и екипата на Хапоел Тел Авив.

Спировски во својата кариера ги носеше дресовите на Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Берое, Работнички, Вардар , Борац Чачак и Пелистер.