Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард  во својата богата не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата со „црвените“ од Енфилд, а за такво нешто беше најблиску во 2013 година.

Навивачите на Ливерпул, поткренаа петиција нивната  клупска легенда да биде дел од тимот на последните мечеви сезонава и конечно популарниот Стиви да се закити со шампионската титула во Премиер лигата.

Имено, Џерард настапуваше за Ливерпул од 1998 до 2015 години и во тој период со клубот трипати го освои второто место, но не стана шампион.

Според правилата на Премиер лигата Џерард како слободен агент може во било кој момент да потпише за некој клуб, без да чека преоден рок.