Влатко Стојановски за прв пат во кариерата е дел од почетните 11 на Македонија. Напаѓачот на Ним заедно со капитенот Горан Пандев и Елиф Елмас ја сочинуваат нашата напаѓачка тројка за натпреварот со Израел.

Селекторот Ангеловски одново му дава шанса на Костадинов кој заедно со Николов и Енис Барди ќе го сочинуваат редот за врска.

Во одбраната се поставени, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Висар Муслиу и Дарко Велковски. На голот очекувано е Столе Димитриевски.

Во продолжение погледнете го уште еднаш деби голот на Стојановски за Македонија на гостувањето во Австрија.