Екипата на второлигашот Гвинејски Ѕвезди од Гвинеја настрада при патувањето кон градот Маоу, 200 км од главниот град Конакри. Во судир со минибус загинаа дури осуммина фудбалери на тимот.

Не се познати причините на несреќата, но се наведува дека за кратко време ова е втора фудбалска трагедија во Гвинеја во последните два месеци. Претходно во судир меѓу камион и автобус животот го загубија тројца фудбалери на прволигашот Вакрив.