Новата сезона во Премиер лигата се очекува да покаже дали големите вложувања на условно кажано „помалите“ ќе донесат резултат.

Евертон со купувањето на Гомес, Делф и на Кин само ја потврди амбицијата на Марко Силва во новата сезона да се обиде да атакува на позициите на табелата кои водат во Лигата на шампионите.

До крајот на преодниот рок има уште доволно време за Евертон да ангажира уште некое засилување иако засега нема најави за нова „бомба“ на „Гудисон Парк“.

Островските медиуми уверуваат дека „Карамелите“ имаат потенција но дали ќе можат да се носат со екипите како што се Арсенал и Манчестер Јунајтед кои исто така посакуваат напредок ќе видиме во воведните пет кола од новата сезона.