Двајт Хауард (33) откако заврши со Мемфис се врати во ЛА Лејкерс каде кариерата не му се развиваше најдобро, потпиша „негарантиран“ договор со овој славен клуб од НБА.

Хауард кој се самонарече „Супермен“ потпиша договор со ЛА Лејкерс кој ќе го плаќа „нула“ долари, ваквите „ден за ден“ договори во НБА не се непознати.

ЛА Лејкерс финасиски обврски кон Хауард ќе има пред почетокот на сезоната кога договорот ќе стапи во сила, тој ќе заработува по 14.490 долари за секој ден поминат со Лејкерси но ќе мора да се однесува спортски и да не предзвикува инциденти доколку сака да стигне до 2,6 милиони долари годишната плата.

Клубот од Лос Анџелес може во секој момент да го раскине договорот доколку Хауард се однесува неспортски, вакви договори „ден за ден“  обично им се даваат на играчи во развојна категорија и траат не повеќе од десет дена.

Двајт Хауард го одбрал дресот со број 39 кај Лејкерси.