Раководството на Барселона и Карлс Перез ја продолжија соработката до јуни 2022 година.

Младиот 21 годинеш напаѓач беше трансфер цел ова лето на неколку тимови од Европа но Валверде му укажал дека ќе смета на него и во оваа сезона.

Перез требаше да одигра уште три натпревари за да добие автоматско продолжување на договорот за уште две сезони но од Барселона сакаа посигурна и ново разработена соработка со талентираниот напаѓач.