Фудбалерите на Партизан денес ја пречекуваат екипата на Манчестер Јунајтед во натпревар од третото коло од групната фаза на Лига Европа.

Навивачите од „Олд Трафорд“ кои се околу 1.000 во Белград, одлучија можноста да ја искористат и да го посетат стадионот и Музејот на вечниот ривал на нивниот вечерашен противник.

Интересен за навивачите на Јунајтед беше и тенкот на Црвена Звезда. Еден од навивачите на социјалните медиуми ја сподели фотографијата со коментар дека Музејот вредело да се посети.