Натпреварот меѓу фудбалските репрезентации за играчи до 21 година на Македонија и Фарски Острови закажан за утре можно е да биде одложен поради немање елемнтарни услови за одржување .

„Утре во 10:00 часот, судиите и делегатот ќе извршат инспекција на теренот и на официјалниот состанок ќе информираат дали ќе се игра натпреварот Фарски Острови – Македонија или ќе биде одложен. Репрезентацијата попладне имаше тренинг, траеше околу 40 минути на мал дел од теренот што не беше многу замрзнат.“ – информираа од ФФМ.

За проблемите со условите за тренинг и работа предгодно реагираше и нашиот селектор, Благоја Милевски.

„Сега е сѐ поразлично, условите на теренот и сѐ околу е чиста импровизација, теренот е замрзнат и поради тоа не одработивме ниту дел од програмата за тренинг.“-  изјави селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.