Фудбалскиот прволигаш од Скопје, Работнички од денеска се врати на тренинг, работи во помали групи а ги предводи првиот асистент на Достаниќ,  Баже Илијоски.

„Тимот на Работнички денеска ги мина задолжителните тестови за Ковид-19. Во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија и Аџибадем Систина, прволигашките клубови пред стартот на тренинзите се обврзани да извршат тестови на коронависурот. Мобилна медицинска екипа од Аџибадем Систина денеска е во посета на ФК Работнички и направени се тестови на сите играчи, стручниот штаб и клупската администрација. Недостигаат дел од странските фудбалери и шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ кои треба да се приклучат наредните денови, во согласност со протоколот и олабавување на мерките за влез на странски државјани.“ – соопштија од ФК Работнички.


Вчера тестирање за Ковид-19 поминаа и Академија Пандев и Борец.