Бразилецот Тиаго Мота денска  дебитира на клупата на Џенова на средбата со Бреша во рамки на 9. коло во калчо лигата.

Средбата меѓу Бреша и Џенова се игра од 20-45 часот, македонскиот капитен Горан Пандев ќе биде во почетните единаесет на овој натпревар на „Луиџи Ферарис“.

Бразилецот кој играше со Горан Пандев во Интер кога ја освоија Лигата на шампионите, сега  дебитира како тренер, му дава предност на Пандев во почетниот состав за овој натпревар од 9. коло во калчо лигата.