Во дербито на Италија синоќа актуелниот шампион Јувентус славеше на гостински терен кај Интер и се искачи на првата позицја на табелата. Тренерот на Интер, Антонио Конте беше во центарот на вниманието кај навивачите на Јувентус кои по мечот му фаќаа сеир.

„Од Лече во Бари, од Торино во Милано, ти си без достоинство, ова е вистината-Антонио Конте“- стоеше на банерот од навивачите на Јувентус.