Томас Тухел, поранешен тренер на ПСЖ а претходно и на Мајнц и Борусија Дортмунд, ќе седне на клупата на Челси, јавуваат медиумите од Англија.

„Мирор“ тврди дека Тухел треба да биде спасителот на Челси и е директен избор на Роман Абрамович.

Според повеќе извори од Англија, Тухел ќе потпише договор до 2022 година со можност да биде продолжен до 2025.

Ова доаѓа откако Франк Лампард официјално заработи отказ од позицијата во Челси.