Додека Манчестер Јунајтед ги привршува преговорите со Спортинг за ангажам на Бруно Фернандес, португалскиот прволигаш размислува да достави конкретна понуда до Палермо за купување на Александар Трајковски.

Македонскиот репрезенативен напаѓач ќе добие четиригодишен договор но засега нема информација за висината на платата и за тоа колку ќе му плати Спортинг на Палермо за евентуалниот трансфер на Трајковски.

Оваа информација ја пренесуваат португалските но и италијански медиуми а се повикуваат и на твитот на Педула.

Во Спортинг игра и нашиот репрезентативен капитен, Стефан Ристовски.