Четврти натпревар по ред, Александар Трајковски не е дел од почетниот состав на Мајорка во натпревар од Ла лига.

Македонскиот фудбалски репрезентативец ќе ја чека својата шанса за блесок против Атлетик Билбао во 4 коло од шпанското првенство од клупата за резерви.

На предходните три пресметики во Ла лига за Мајорка, Трајковски против Еибар, Сосиедад и против Валенсија влегуваше во второто полувреме.