Александар Трајковски не е најавен во почетниот состав на Мајорка за мечот со Атлетико Мадрид вечерва во најсилната фудбалска конкуренција на Шпанија.

Според најавите на „Марка“  македонскиот репрезентативец натпреварот ќе го започне од клупата за резервни играчи.

Атлетико е фаворит на овој натпревар на гостувањето кај Мајорка, по пет натпревари во Ла Лига, тимот од Мадрид има 3 победи и по еден пораз и нерешено.

Мајорка на Трајковски запиша една победа , еден нерешен меч и три порази. Средбата, Мајорка- Атлетико се игра од 19 часот.