Александар Трајковски почна со тренинзи кај Мајорка, новиот клуб во кој ќе игра оваа сезона. Тој  дојде како слободен играч.

Трајковски потпиша четиригодишен договор со клубот од Шпанија, според информациите ќе заработува 650.000 евра годишно.

Нашиот репрезентативец е веќе во тренажен процес  и го очекува првиот настап за новиот клуб.